Изберете го гласот на вашиот бренд.
Профи.мк е платформа за рап реклами. Вие го бирате уметникот кој ќе биде фронтменот — гласот и лицето на рекламата. Зад него стои целата екипа: стратег, продуцент, тонски инженер, режисер, видеограф и монтажер.
Правиш рап? Отвори профил
Уметникот го бирате вие. Екипата е наша.
Една добра реклама не ја прави еден човек. Уметникот кој ќе го изберете е фронтменот — тој го носи текстот, гласот и лицето. Сè останато го прави екипа која работи на секоја реклама на Профи.
Маркетинг стратег
Го истражува вашиот бизнис, идеалниот клиент и областа. Прави маркетинг план.
Продуцент
Изработува бит кој одговара на пораката и на уметникот.
Тонски инженер
Ги снима вокалите, ги лепи на мелодијата и додава добацки.
Режисер
Го осмислува видео концептот — што се гледа и како се раскажува.
Видеограф
Ги снима соодветните кадри — уметникот, вашиот простор, вашиот продукт.
Монтажер
Пост продукција и два формати — 16:9 и 9:16 — за сите платформи.
Профи го координира сето тоа
Еден контакт, една понуда, една реклама. Вие не барате студио, камерман и монтажер посебно — ја бирате само ѕвездата.
Од идеја до реклама во четири чекори
- Вие
Изберете уметник
Разгледајте ги профилите, слушнете го звукот и одберете кој ќе биде фронтменот.
- Вие + стратег
Опишете го бизнисот
Кажете ни што продавате, на кого и што сакате рекламата да постигне.
- Уметник + екипа
Ние продуцираме
Текст, бит, снимање, видео и монтажа — според пакетот кој ќе го изберете.
- Готово
Рекламата е ваша
Спремна за радио, социјални мрежи и секоја платформа, во 16:9 и 9:16.
Кој ќе ја пее вашата реклама?
Хип-хоп музика со маркетинг знаење
Профи.мк пристапува кон маркетингот на уникатен начин — комбинација од хип-хоп музика и маркетинг знаење што ни овозможува да создадеме креативна реклама која ги таргетира вашите идеални клиенти и им ја врежува вашата порака во главите.
Профи го започна Тоби, кој веќе повеќе од 10 години пишува рап лирики, креира рап музика и е признаен од некои од најголемите имиња на сцената. Сега Профи е отворен за сите уметници — а бизнисите сами избираат кој ќе биде гласот на нивниот бренд.
Моделот на гигантите, достапен за сите
Маркетинг моделот кој го користат само гигантите ширум светот, а и во регионов, денес е достапен за секој бизнис.
01Јазикот на улицата
Рапот користи жаргон и сленг — „комбо“, „даље“, „склапаат“, „мучат“ — многу поблиску до јазикот на секојдневието отколку официјалниот вокабулар. Тоа носи познато чувство на удобност кај слушателите.
02Го користат најголемите
Adobe го виде потенцијалот: рекламата за „Adobe Express“ од септември 2024 буквално растури. Македонски брендови како Скопско веќе го користат истиот модел.
03Многу кажано, за кратко време
Во рапот за многу кратко време можеш да кажеш многу работи и сето тоа да го изримуваш играјќи со зборови — затоа луѓето природно сакаат да го слушаат одново и одново.
04Се врежува во меморијата
Доволно е еднаш да се слушне. Ако во песната се пее за продукт или бренд, тој останува врежан во меморијата на луѓето многу долго време.
05Жанр кој најбрзо расте
Рап музиката е еден од најбрзорастечките жанрови, усогласен со динамичниот начин на живот — тука и во светот.
06Направено за вашиот клиент
Го истражуваме вашиот бизнис, вашиот идеален клиент, неговите интереси, желби и потреби — и креираме дело кое го прави вашиот продукт неодолив.
Често поставувани прашања
Ако го изберам само уметникот, кој ја прави музиката и видеото?
Уметникот е фронтменот — тој го пишува и изведува текстот и се појавува во спотот. Битот го прави продуцент, вокалите ги снима и мискира тонски инженер, а видеото го осмислуваат, снимаат и монтираат режисер, видеограф и монтажер. Целата екипа ја обезбедува и координира Профи, без разлика кој уметник ќе го изберете.
Можам ли сам да изберам уметник?
Да — тоа е поентата. Разгледајте ги профилите, слушнете го нивниот стил и изберете го при барањето понуда. Ако не сте сигурни, оставете го полето празно и ние ќе ви предложиме уметник кој одговара на вашиот бренд.
Колку време се изработува рекламата?
Затоа што се работи за креативен процес, точното времетраење не може однапред да се дефинира. Зависи од големината на рекламата, целта која сакате да ја постигнете, пазарот во кој работите и слично — но заедно со понудата ќе добиете проценка за времето на изработка.
Што вклучува рекламата?
Зависи од пакетот — Текст, Аудио или Видео — и сè е наведено во секцијата Пакети. Ако она што ви треба не е во ниту еден пакет, контактирајте нè и ќе оформиме посебен пакет за вашите потреби.
Имам своја екипа за аудио и видео. Може само текст?
Да. Ако имате кој да ви го изработи аудио и видео делот, можете да го земете само пакетот Текст — истражување, маркетинг план и рап лирика од уметникот кој ќе го изберете.
Колку чини?
Цената се оформува зависно од вашиот бизнис, областа во која работите, видот на реклама, целта, видот на клиенти кои ги таргетираме и уште многу други фактори. Затоа побарајте понуда и ќе ви оформиме цена според вашите потреби.
Јас сум уметник. Како да се приклучам?
Отворете профил на страницата За уметници. Го прегледуваме секој профил пред да се појави на платформата — а кога бизнис ќе ве избере, екипата за продукција е наша.
Вашата порака, во нечија глава. Засекогаш.
Изберете уметник и пакет, кажете ни што продавате — и добијте понуда.
Побарај понудаТвојот глас. Нивниот бренд.
Отвори профил и бизнисите ќе те бираат за нивните реклами. Ти си фронтменот — студиото, камерата и монтажата се наши.
Отвори профил