Еден глас напред. Цела екипа позади.
Уметникот кој го бирате е фронтменот — лицето и гласот на рекламата. Но рекламата ја прават десет чекори и шест луѓе. Еве кој што работи.
Кој работи на вашата реклама
Уметник — фронтмен
Го пишува и изведува текстот, ги снима вокалите и се појавува во спотот. Неговиот стил е стилот на вашата реклама.
Маркетинг стратег
Истражување, идеален клиент, маркетинг план и пристап кон целта.
Продуцент
Бит изработен за пораката и за гласот на уметникот.
Тонски инженер
Снимање вокали, лепење на мелодијата, декоративни добацки.
Режисер
Видео концептот — приказната, локациите, што се гледа.
Видеограф
Снимање на соодветни кадри со уметникот и вашиот бизнис.
Монтажер
Пост продукција и финални формати за секоја платформа.
Десет чекори од бриф до готова реклама
Истакнатите чекори се оние каде учествува уметникот кој го избравте. Сите останати ги работи екипата.
- 01
Истражување
ТекстМаркетинг стратегДетално истражување на вашиот бизнис, вашиот идеален клиент и областа во која работите.
- 02
Маркетинг план
ТекстМаркетинг стратегСтратегија и осмислување на пристап кон остварување на целта — што треба рекламата да постигне и кај кого.
- 03
Рап лирика
ТекстФронтменМаркетинг стратегУметникот пишува 16-тина линии рап лирика — околу 30 секунди рецитал — врз планот на стратегот.
- 04
Бит
АудиоПродуцентИзработка на соодветен бит кој одговара на пораката, на брендот и на гласот на уметникот.
- 05
Снимање вокали
АудиоФронтменТонски инженерУметникот го снима текстот во студио, со тонски инженер на пултот.
- 06
Микс и добацки
АудиоТонски инженерЛепење на вокалите на мелодијата и додавање на декоративни добацки. Тука завршува аудио рекламата — спремна за радио.
- 07
Видео концепт
ВидеоРежисерОсмислување на видео концептот — што се гледа, каде се снима, како се појавува вашиот продукт.
- 08
Снимање
ВидеоФронтменВидеографРежисерСнимање на соодветни кадри — уметникот пред камера, вашиот простор, вашиот продукт.
- 09
Пост продукција
ВидеоМонтажерМонтажа, звук врз слика, финален изглед.
- 10
Два формати
ВидеоМонтажерРекламата ја добивате во 16:9 и 9:16 — соодветна за сите платформи, од YouTube до Reels и TikTok.
Колку од екипата ви треба?
Секој пакет го вклучува уметникот кој ќе го изберете. Разликата е колку од екипата работи позади него.
Текст
Ако имате кој да ви ги изработи аудио и видео делот, можете да купите само текст и концепт.
- Детално истражување на вашиот бизнис
- Истражување на вашиот идеален клиент
- Истражување на областа во која работите
- Изработка на маркетинг план (стратегија)
- Осмислување на пристап кон остварување на целта
- Пишување на 16-тина линии рап лирика
- Околу 30 секунди рецитал
По понудаЦената зависи од бизнисот, целта и пазарот
Побарај понудаАудио
Ако рекламата ви е за радио или сакате сами да снимате спот, ова е вистинскиот пакет.
- Сè од пакетот Текст +
- Изработка на соодветен бит
- Снимање на вокали за текстот
- Лепење на вокалите на мелодијата
- Додавање на декоративни добацки
По понудаЦената зависи од бизнисот, целта и пазарот
Побарај понудаВидео
Ако сакате рекламата да издејствува во полн ефект — целата екипа, од бриф до спот.
- Сè од претходните пакети +
- Осмислување на видео концепт
- Снимање на соодветни кадри
- Пост продукција (монтажа)
- 2 различни видео формати
- Соодветни за сите платформи (16:9 и 9:16)
По понудаЦената зависи од бизнисот, целта и пазарот
Побарај понудаВи треба нешто што го нема во ниту еден пакет? Кажете ни и ќе оформиме посебен пакет.
Изберете го фронтменот. Остатокот е наш.
Разгледајте ги артистите, изберете пакет и добијте понуда со проценка за времето на изработка.
