Што сè влегува во една реклама

Еден глас напред. Цела екипа позади.

Уметникот кој го бирате е фронтменот — лицето и гласот на рекламата. Но рекламата ја прават десет чекори и шест луѓе. Еве кој што работи.

Екипата

Кој работи на вашата реклама

Го бирате вие

Уметник — фронтмен

Го пишува и изведува текстот, ги снима вокалите и се појавува во спотот. Неговиот стил е стилот на вашата реклама.

Маркетинг стратег

Истражување, идеален клиент, маркетинг план и пристап кон целта.

Продуцент

Бит изработен за пораката и за гласот на уметникот.

Тонски инженер

Снимање вокали, лепење на мелодијата, декоративни добацки.

Режисер

Видео концептот — приказната, локациите, што се гледа.

Видеограф

Снимање на соодветни кадри со уметникот и вашиот бизнис.

Монтажер

Пост продукција и финални формати за секоја платформа.

Процесот

Десет чекори од бриф до готова реклама

Истакнатите чекори се оние каде учествува уметникот кој го избравте. Сите останати ги работи екипата.

  1. 01

    Истражување

    Текст
    Маркетинг стратег

    Детално истражување на вашиот бизнис, вашиот идеален клиент и областа во која работите.

  2. 02

    Маркетинг план

    Текст
    Маркетинг стратег

    Стратегија и осмислување на пристап кон остварување на целта — што треба рекламата да постигне и кај кого.

  3. 03

    Рап лирика

    Текст
    ФронтменМаркетинг стратег

    Уметникот пишува 16-тина линии рап лирика — околу 30 секунди рецитал — врз планот на стратегот.

  4. 04

    Бит

    Аудио
    Продуцент

    Изработка на соодветен бит кој одговара на пораката, на брендот и на гласот на уметникот.

  5. 05

    Снимање вокали

    Аудио
    ФронтменТонски инженер

    Уметникот го снима текстот во студио, со тонски инженер на пултот.

  6. 06

    Микс и добацки

    Аудио
    Тонски инженер

    Лепење на вокалите на мелодијата и додавање на декоративни добацки. Тука завршува аудио рекламата — спремна за радио.

  7. 07

    Видео концепт

    Видео
    Режисер

    Осмислување на видео концептот — што се гледа, каде се снима, како се појавува вашиот продукт.

  8. 08

    Снимање

    Видео
    ФронтменВидеографРежисер

    Снимање на соодветни кадри — уметникот пред камера, вашиот простор, вашиот продукт.

  9. 09

    Пост продукција

    Видео
    Монтажер

    Монтажа, звук врз слика, финален изглед.

  10. 10

    Два формати

    Видео
    Монтажер

    Рекламата ја добивате во 16:9 и 9:16 — соодветна за сите платформи, од YouTube до Reels и TikTok.

Пакети

Колку од екипата ви треба?

Секој пакет го вклучува уметникот кој ќе го изберете. Разликата е колку од екипата работи позади него.

Текст

Ако имате кој да ви ги изработи аудио и видео делот, можете да купите само текст и концепт.

ФронтменСтратег
  • Детално истражување на вашиот бизнис
  • Истражување на вашиот идеален клиент
  • Истражување на областа во која работите
  • Изработка на маркетинг план (стратегија)
  • Осмислување на пристап кон остварување на целта
  • Пишување на 16-тина линии рап лирика
  • Околу 30 секунди рецитал

По понудаЦената зависи од бизнисот, целта и пазарот

Побарај понуда

Аудио

Ако рекламата ви е за радио или сакате сами да снимате спот, ова е вистинскиот пакет.

ФронтменСтратегПродуцентТонски инженер
  • Сè од пакетот Текст +
  • Изработка на соодветен бит
  • Снимање на вокали за текстот
  • Лепење на вокалите на мелодијата
  • Додавање на декоративни добацки

По понудаЦената зависи од бизнисот, целта и пазарот

Побарај понуда
Препорачуваме

Видео

Ако сакате рекламата да издејствува во полн ефект — целата екипа, од бриф до спот.

ФронтменСтратегПродуцентТонски инженерРежисерВидеографМонтажер
  • Сè од претходните пакети +
  • Осмислување на видео концепт
  • Снимање на соодветни кадри
  • Пост продукција (монтажа)
  • 2 различни видео формати
  • Соодветни за сите платформи (16:9 и 9:16)

По понудаЦената зависи од бизнисот, целта и пазарот

Побарај понуда

Ви треба нешто што го нема во ниту еден пакет? Кажете ни и ќе оформиме посебен пакет.

Изберете го фронтменот. Остатокот е наш.

Разгледајте ги артистите, изберете пакет и добијте понуда со проценка за времето на изработка.